Медведев бесен на Твитер

Од:

Дмитриј Медведев, долгогодишен сојузник на Владимир Путин и моментално заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на први мај го насочи својот напад на Твитер, кој отстран една од неговите неодамнешни објави.

Во пораката тој се закани на широк спектар на цели надвор од Русија.

Во својата објава на Телеграм, поранешниот претседател и премиер на Русија напиша:

„Сериозно, можеме без Твитер. На крајот на краиштата, ова е само странска социјална мрежа која работи во интерес на американскиот естаблишмент. Ние прилично цинично ја искористивме за да ги промовираме нашите пропагандни цели“, напиша тој.

„Нашата главна задача е сосема поинаква: да им нанесеме крупен пораз на сите непријатели – нацисти, САД, нивните миленици во НАТО, вклучително и подмолната Полска и другите западни гниди. Конечно мораме да ја вратиме целата наша земја. Да го заштитиме целиот наш народ засекогаш. За тоа ќе работиме напорно. Среќен Први мај на сите!“ напиша Медведев.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Медведев со „дрва и камења“ по Мерц: Размисли двапати нацисту!

А1он