Медицинска сестра ќе ги тужи САД поради карантин

Од:

Медицинската сестра, Кејси Хикокс од Њу Џерси, која беше во каранин поради сомнежот дека е заразена со ебола, планира да покрене тужба против сојузните власти во САД.

Таа смета дека тоа претставува прекршување на нејзините човекови права, соопшти нејзиниот адвокат Норман Зигел и додаде дека се покренуваат сериозни прашања поврзани со уставната и граѓанска слобода.

Зигел не негира дека владата под одредени услови има право да одреди карантин, но во случајот со Кејси тој смета дека тоа право „широко е применето“.

Инаку како што пренесуваа медиумите таа немала симптоми на ебола и нејзините тестови биле негативни. Властите и одредиле изолација, бидејќи се вратила од Западна Африка, каде што помагала во лекување на ебола.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина