Матвиенко: Пет милијарди долари Западот потроши за дестабилизација на Украина

Од:

Претседателката на Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко изјави дека Западот потрошил пет милијарди долари за дестабилизација на Украина.

– Украинската криза докажа дека информациската технологија вклучувајќи интернет и социјални мрежи, може да направи лажна реалност и да ја измени свеста на нормалните луѓе заради корист на одредени политичари, изјави Матвиенко.

Таа вели дека тие пари се потрошени против легитимните украински власти.

– Затоа е неопходно да се знае ефикасно да се користи информациската технологија во спречување на зло и спротиставување на оние кои се обидуваат да ја сокријат вистината, додаде таа.

Протестите против украинските власти почнаа во ноември 2013 година, а во февруари 2014 година претседателот Виктор Јанукович беше симнат од власт. Украинската армија и проруски сили водат на исток во државата речиси секојдневно борби и покрај договорот за прекин на огнот постигнат во септември. Според ОН, во судирите на исток во Украина од средината на април досега загинаа околу 3.700 луѓе и преку 9.000 се повредени.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни