Масовни апсења во последните 24 часа во Лос Анџелес

Од:

Дваесет и седум лица беа уапсени кога демонстрантите повторно излегоа на улиците во центарот на Лос Анџелес како одговор на рациите на ICE и одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја распореди Националната гарда во Калифорнија.

Десет лица беа уапсени од полицијата во Лос Анџелес, вклучувајќи едно лице кое наводно фрлило Mолотов коктел.

Калифорниската автопатска патрола (CHP) уапси дополнителни 17 лица откако демонстрантите излегоа на автопатот 101 и го блокираа сообраќајот.

– 29 лица беа уапсени затоа што одбија да си заминат дома, изјави шефот на полицијата на Лос Анџелес, Џим Мекдонел.

Мекдонел рече дека лицата кои го предизвикале нарушувањето биле анархисти, а не демонстранти кои мирно протестирале претходно во текот на денот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем протест во Чешка – граѓаните стравуваат за независноста на јавните медиуми

А1он

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон