Маскиран напаѓач се обидел да ја пробие оградата на касарната во белгиската област Намјур, при што војниците отвориле оган.
Маскираниот напаѓач успеал да избега, но неговиот автомобил останал на местото на инцидентот. При нападот нема повредени војници.
Во нападнатата касарна стационирани се специјални единици. Повеќе од 650 војници во моментот на нападот не биле во касарната, бидејќи учествуваат во меѓународна вежба.
Дел од белгиските медиуми јавија дека касарната е евакуирана. Се претпоставува дека во автомобилот на напаѓачот има експлозив.