Маск: Постои шанса вештачката интелигенција да не убие

Од:

Постои шанса вештачката интелигенција да не убие сите. Мислам дека е малa таа опција, но постои, ја сумираше дискусијата Елон Маск на состанокот одржан во американскиот Сенат, додавајќи дека „последиците од недоразбирањето на вештачката интелигенција се сериозни“.

Тричасовната средба, прва од ваков вид одржана во Сенатот, ги собра највлијателните личности од областа на интернетот, вештачката интелигенција и речиси сите институции кои можат да манипулираат со факти во различни области од животот. Средбата е невообичаена не само по списокот на учесници, туку и по тоа што вакви прашања никогаш досега не биле дискутирани во Сенатот.

Присутни беа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, сопственикот на „Мета“ Марк Цукерберг и веќе споменатиот сопственик на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) Маск. Имаше и менаџери на најголемите ИТ компании: „Гугл“, „Опен АИ“, „Енвидија“ и ИБМ.

Самиот Маск придонесе за мислењето дека стравот од вештачката интелигенција не е само страв на поддржувачите на теориите на заговор, кои на почетокот на оваа година заедно со ко-основачот на „Епл“ Стив Возниак повикаа да се запре развојот на вештачка интелигенција. Тие го потпишаа писмото, заедно со повеќе од илјада потписници: научници, претприемачи и истражувачи, и повикаа на пауза во развојот на вештачката интелигенција најмалку шест месеци за да може човештвото да ги процени ризиците и да се увери дека е безбедна.

Вештачката интелигенција станува конкурентна во решавањето на многу проблеми, но во исто време расте стравот дека развојот на „нечовечките“ умови ќе ги надмине, надмудри и замени човечките. На Светскиот владин самит во Дубаи во февруари, Маск јасно предупреди дека човештвото треба да биде загрижено за опасностите што ги носи вештачката интелигенција и треба да се справи со нејзината регулатива.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања