Маск нема да донира пари ниту за Бајден ниту за Трамп

Од:

Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека нема да донира пари за кампањата на кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, ниту за кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Само да бидам многу јасен, нема да донирам пари на ниту еден кандидат за претседател на САД“, напиша Маск на X.

Во текот на викендот, Маск се сретна со поранешниот американски претседател, кој од него побарал средства за неговата кампања, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли се повлече од трката за републиканска номинација, по што и Трамп и Бајден ги повикаа нејзините поддржувачи да гласаат за нив на претстојните претседателски избори во ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина