Маск ја уверил ЕК дека ќе работи според правилата на ЕУ

Од:

Милијардерот Eлон Маск ја уверил Европската комисија дека Твитер ќе продолжи да се придржува до строгите европски правила за контрола на нелегалната онлајн содржина.

Ова го изјавија извори од ЕК за светските агенции откако минатата недела тој стана сопственик на социјалната мрежа.

Маск пред еврокомесарот Тиери Бретон, кој е одговорен за внатрешниот пазар, изјавил дека планира да се усогласи со законодавството на блокот во врска со незаконска содржина. Тој се согласил во наредните недели да одржи и состанок со Бретон, кој е поранешен француски министер за финансии.

Разговорот се одржа откако Бретон во петокот посочи дека социјалната мрежа мора да се усогласи со правото на Унијата.

„Во Европа, птицата (споредба со симболот на социјалната мрежа) ќе лета според нашите правила“, напиша Бретон во петокот на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пропагандисти на Путин: Ако уништиме еден од сателитите на Маск, ќе ги изгасне преостанатите

А1он

Пентагон го разгледува предлогот на Елон Маск

Маск: Последен пат разговарав со Путин пред 18 месеци

Ана Ололовска

Крим да и припадне на Русија, Украина да остане неутрална – дел од точките во предлогот на Илон Маск за мир

Катерина Ѓуровски