Маск ја укина суспензијата и им ги врати налозите на Твитер на американските новинари

Од:

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа налозите на американските новинари на социјалната мрежа.

„Луѓето зборуваа. На налозите што ја објавија мојата локација ќе им биде укината суспензијата“, напиша Маск на Твитер доцна синоќа.

Европската унија вчера се закани со санкции против Маск, а Обединетите нации предупредија дека суспендирањето на налозите е „опасен преседан“.

Во четвртокот вечерта, Твитер ги суспендираше налозите на десетина новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу кои и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен и Гласот на Америка.

Твитер не објасни зошто се отстранети одредени налози и историја на твитови. Но, сопственикот на Твитер потоа ги обвини дека споделуваат приватни информации за неговите движења, кои тој ги опиша како „давање координати за убиство“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции