Масакр во стриптиз бар во Мексико, најмалку 15 загинати

Од:

Во вооружен напад на стриптиз бар во Мексико, убиени се најмалку 15 лица, а четири се повредени, соопшти тамошното државно обвинителство.

„Петнаесет лица го загубија животот“, изјави за „АФП“, Хуан Хозе Мартинез, портпаролот на обвинителството во земјата.

Според првичните информации, неколку вооружани лица дошле пред барот „Ла плаја“ и отвориле оган врз посетителите и вработените, по што побегнале од местото.

Причините за нападот засега се непознати.

Деновиве во земјата почна голема полициска акција против моќни криминални групи специјализирани за кражба на гориво, но засега не е утврдена поврзаностa со нив.

Мексико лани забележа рекордна стапка на насилство, со 33.341 убиства, што е најголем број од почетокот на водењето на статистиките од 1997 година.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Силен земјотрес го погоди Мексико

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија