Масакр во САД: Убил поранешна сопруга и четири деца, па се самоубил

Од:

Четириесет и шестгодишен неименуван маж, во семејна куќа во Дагласвил предградие на Атланта, ја убил својата поранешна сопруга, нејзиното момче и четири свои деца, додека две успеале да преживеат. По крвавиот поход, напаѓачот си пресудил и себе си, а локалната полиција за сега само потврдила дека меѓу жртвите е едно седумгодишно дете.

Очевидците на страотниот настан изјавиле дека напаѓачот во вечерните часови со автомобил дошол до куќата, уредно го паркирал, а потоа влегол внатре и започнал да пука. По рафалната пукотница и плачот на децата повторно завладеала тишина, а полицијата набргу пристигнала на местото на настанот каде што ги забележала жртвите, меѓу кои бил и напаѓачот и оружјето.

-Бев во гаражата кога одеднаш се слушна пукотница. Бев шокиран, но бргу отрчав таму. За жал се беше готово. Ова е нешто најстрашно што сум доживеал во животот -вели Брендон Холман сосед на жртвите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас