Марс порачува: Јенки одете си дома

Од:

Слетувањето на „Curiosity“ на Марс одекна по светските медиуми како голема работа, но луѓето сепак и за овој голем подвиг на вселенските научници најдоа начин да се насмеат, па ги здружија своите сили и со помош на фотошоп-от направија шеговита порака од кутрите Марсовци кои знаат што ги чека кога доаѓаат Земјаците.

Фотографија од „Марш на Марсовците“ или протст против човечката раса веднаш се појави на интернет со порака „Јенки одете си дома“.

Покрај тоа познатиот Бобак Фердовси, кој за секоја мисија има нова фризура, овојпат се појави со ѕвезди на главата специјално за оваа прилика.

Тука се и шегите на сметка на Британците со класичната чоколада „Марс“ и чаша вода, како и мачката која откако пробала од водата починала. Пораката е дека „Curiosity“, љубопитноста убива.

Слетувањето на „Љубопитноста“ на Марс, дефинитивно е настан на годината за нас, а за Марсовците допрва ќе видиме. Како и да е целиот овој настан си доби и соодветен третман каков што заслужува, но шегите никако да престанат.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата