Марк Карни најави нови енергетски санкции кон Русија

Од:

Канадскиот премиер Марк Карни најави нови санкции против „руската флота во сенка“, руските приходи од трговијата со енергија, одбранбено-индустрискиот сектор и субјектите поврзани со ширењето дезинформации, објави денес прес-службата на канадската влада.

Во соопштението на канадската влада се наведува дека новозеландската компанија Maritime Mutual, која помогна во трговијата со иранска и руска нафта во вредност од десетици милијарди долари, е додадена на списокот со санкции, објави Ројтерс.

Во февруари, Обединетото Кралство ја санкционираше оваа компанија, тврдејќи дека ја поддржува руската влада со водење бизнис во сектор од стратешко значење.

Би можело да ве интересира

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“