Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“

Од:

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека главниот проблем на современиот политички систем во Германија е што овој систем е класична „банана република“.

„Пропадот на германската владејачка коалиција го разоткри главниот проблем на современиот политички систем на Германија – тоа е класична „банана република“. Ниту една земја во светот не почна да ја менува сопствената влада врз основа на изборните резултати во САД во ист ден, освен Германија“, напиша Захарова на својот канал Телеграм, пренесува РИА Новости.

Захарова, исто така, истакна дека Берлин престанал да се преправа дека германската влада има независност и да се преправа дека тие не се „гувернери на американските неолиберали во Европската Унија“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во средата го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, велејќи дека гласањето за доверба на владата ќе се одржи во средината на јануари, што би можело да доведе до нови избори до март, објави државната телевизија АРД.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година