Демонстрациите против мариборскиот градоначалник Франц Канглер вечерва завршија со интервенција на полицијата со солзавец и со надлетувања на полициски хеликоптери на плоштадот каде што се наоѓа зградата на општината.
Десет илјади граѓани се собраа вечерва во Марибор, барајќи од градоначалникот да подесе оставка поради корупција.
Протестите набргу се претворија во крвави немири во кои повредени се најмалку тројца полицајци, а повеќе демонстранти се уапсени.
Откако биле уништени неколку автомобили меѓу кои и служените полициски возила, масата луѓе тргнала кон обезбедувањето во општината, при што бил употребен солзавец.
Новинарот на словенечката државна телевизија јави дека демонстрантите по полициската интеврвенција се разбегале низ градот.
Демонстрантите гласнно побараа смена на градоначалникот, извикуваа „Готов е“, пукаа петарди, беа запалени плакатите со ликот на градоначалникот а на крај се втурнаа и кон општинската зграда.
„Најтешко беше кога демонстрантите сакаа да влезат во општината при што беа запрени од кордонот полицајци. Летаа петарди, ракети и други пиротехнички средства со цел да се пробие кордонот“, известува новинарот на словенечката телевизија.
Канглер, кој ги отфрли сите обвинувања рече дека нема да поднесе оставка, но и дека на следните избори нема да се кандидира за таа функција. Тој неодамна беше избран и во Советот на државниот парламент, односно во Горниот дом.