Манафорт може да го мине останатиот дел од животот во затвор

Од:

Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт, може да го помине остатокот од својот живот во затвор, доколку денеска биде осуден по обвиненија за даночни и банкарски измами.

Манафорт, кој следниот месец ќе наполни 70 години, беше обвинет во август по пет обвиненија за даночна измама, два за банкарска измама и едно за тоа што не пријавил дека поседува сметка во странска банка.

Доколку Судот во Вирџинија денеска го прогласи за виновен, тој може да добие затворска казна од 19 до 24 години. Неговите адвокати апелираат на поблага казна поради неговата влошената здравствена состојба по девет месеци минати во затвор.

Претседателот на САД може да го помилува но само во однос на федералните кривични дела, додека за кршење на законите на сојузната држава Њујорк, Манафорт не може да биде помилуван од претседателот.

 

 

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ