Малолетничка осудена на 100 камшикувања на Малдивите за предбрачен секс

Од:

15-годишна девојка е осудена од судот на Малдивите на 100 камшикувања, затоа што имала предбрачен секс.

Според пресудата, казната ќе може да се спроведе откако девојката ќе наполни 18 години.

Случајот предизвика бранување и протести кај хуманитарните активисти во Азија, а Амнести Интернешенел ги обвини малдивските власти за суровост, нехуманост и деградација на жените, барајќи да се престане со казнување за сексуални врски пред стапување во брак.

На Малдивите се користи општото англиско право, но се применуваат и строгите одредби на исламското-шеријатско право, врз чии одредби судот ја осуди малолетната девојка.

Предбрачниот секс за жените е кривично дело за кое се изрекуваат строги казни.

Врховниот суд на Малдивите, под притисок на меѓународната заедница ја укина казната, откако утврди дека таа е погрешно осудена за предбрачен секс, затоа што нејзиниот татко, всушност, ја силувал девојката. Тој е обвинет за своето злосторство и против него е започнат судски процес. За целиот случај се разбра откако полицијата откри труп на новороденче кое било задавено и фрлено на отпад.

Амнести Интернешенел ја поздрави одлуката за укинување на казната со камшикување на девојката, инсистирајќи укинување на ваквите казни.

Малдивскиот архипелаг во Индискиот океан се состои од 1200 корални острови, од кои најголемиот дел се ненаселени. На овој исламски архипелаг, сместен западно од Шри Ланка, живеат само околу 400 илјади луѓе, но островите се означени како „рајски места“ па во текот на целата година се редовно посетувани од голем број туристи од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Најмалку десет странски работници загинаа во пожар на Малдиви

А1он

Поранешниот претседател на Малдиви, Јамин осуден на пет години затвор поради перење пари

Ана Ололовска

Луксузен хотел на Малдиви нуди бесплатен одмор, под еден услов

Парламентарни избори на Малдиви

Ана Ололовска

Опозицискиот лидер на Малдиви бара САД и Индија да помогнат да се смени власта во земјата

Ана Ололовска

Вонредна состојба на Малдивите поради политичката криза

Наум Локоски