Мали: Пронајдено телото на киднапираниот француски геолог

Од:

Во Мали е пронајдено телото на францускиот геолог Филип Вердон, киднапиран во ноември 2011 година од магребскиот огранок на Ал Каеда.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во говорот вчера по повод Денот на Бастиља, дека можеби Вердон починал пред неколку недели, но неговата смрт не е официјално потврдена.

Француските медиуми цитираат извор, кој е запознат со случајот, а според кој ДНК анализите покажале дека телото, пронајдено во северно Мари е на Вердон.

Телото, според истиот извор ќе биде вратено во Франција следните денови. Ал Каеда во исламски Магреб соопшти во март дека Вердон е обезглавен како одговор на француската воена интервенција во Мали.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски