Малезија ќе бара меѓународен суд за виновниците за соборениот авион над Украина

Од:

Малезиските власти имаат намера да побараат формирање меѓународен суд, што ќе ги казни виновниците за соборувањето на боингот на „Малезиан ерлајнс“ над источна Украина, минатата година, пренесе ТАСС, цитирајќи го малезискиот весник „Стар“.

Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, од Пекинг, каде се наоѓа во официјална посета, изјави дека треба да има меѓународна структура која ќе го разгледа прашањето за вината, затоа што доколку предметот се гледа од национален суд прашање е дали Малезија ќе успее да издејствува екстрадирање на виновниците.

Повикувајќи се на наодите од холандската истрага за несреќата, министерот кажа дека соборувањето на авионот е злостроство за кое треба да се побара кривична одговорност.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина