Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера

Од:

Малезија поднесе обвинение против 17 актуелни и поранешни директори на американската инвестициска банка Голдман сакс поради сомнение дека учествувале во проневери со вредност од неколку милијарди долари.

Шефот на таа банка за странски операции Ричард Гнод е обвинет дека во 2012 и 2013 помагал при собирањето 6,5 милијарди долари за малезискиот државен инвестициски фонд 1МДБ, од кои две третини наводно се проневерени.

Постои сомнение дека во тоа учествувал и поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак, а според обвинението, во тоа му помогнале банкарите од Голдман Сакс. Главниот обвинител Томи Томас најави дека ќе бара затворска казна за обвинетите.

Меѓу обвинетите се сегашни и поранешни директори на таа банка во Лондон, Хонг Конг и Сингапур, и доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна до 10 години и парична казна од најмалку 200 илјади фунти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата