Мал чекор за конзервите, но голем за огласувачите. Така, потегот на јапонскиот произведувач на пијалоци се опишува на страницата io9.com.
Компанијата Отсука планира да испрати конзерви од нивниот пијалак на Месечината. Ако оди се според планот, тоа ќе биде прво испраќање предмет на Земјин сателит во маркетиншки цели.
„Отсука“ на Месечината ќе испрати сад тежок еден килограм исполенет со напитокот во прав и детски сонови. Дел од пратката ќе биде „капсула на сонови“ на која, на површината од титаниум ќе бидат угравирани детските сонови.
Превозот е закажан за октомври наредната година, кога дел од вселената ќе ја допре рекламата, многу порано отколку пред луѓе да живеат таму.