Максимумот на бројот на жители на Земјата меѓу 2070 и 2080 година

Од:

Наспроти промените во глобалната популација во последниве неколку децении и намалувањето на наталитетот и стареењето на населението, особено во Европа, бројот на жители на Земјата ќе продолжи да расте и во следните декади, смета директорот на Виенскиот институт за демографија, Волфганг Луц.

– Бројот на жителите во светот својот максимум од девет милијарди најверојатно ќе го достигне некаде меѓу 2070 и 2080 година, по што до крајот на векот ќе претстои намалување на популацијата, изјави Луц на експертската Конференција на Меѓународниот институт за применета системска анализа (ИИАСА), што се одржува во Виена.

Луц потенцира дека во последниве децении се бележи тенденција на многу брзо стареење на населението во Европа и на намалување на наталитетот.

– Младите луѓе се се пообразовани, но прашање е дали во иднина зголемното ниво на образование ќе може да го компенизра намалувањето на населението, додаде Луц.

На конференцијата се разговара за идните демографски предизвици и за капацитетите на националните влади за справување со нив, пред се околу обемот на пензиските фондови, при што како можно решение се нуди продолжувањето на работниот век на населението.

Шефот на Секторот за глобално население на Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), Виталија Гакаите-Витих оцени дека на намалувањето на наталитетот не влијаат само политичките одлуки, туку и менталиетеот на луѓето.

– За ова е одговорен и општиот став на општеството околу начините на усогласување на семејството и работата, потенцира Гакаите-Витих.

Таа наведе дека и покрај општата тенденција на европскиот континент, на северот на Европа во последниве години сепак се бележи раст на наталитетот, нагласувајќи го примерот на Шведска каде стапката на прираст се зголеми на 1,9 деца на една жена.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска