Макрон во дипломатска офанзива за кризата во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, а утре во Киев со неговиот украински колега Володимир Зеленски како дел од дипломатските напори за смирување на руско-украинските тени.

Пред патувањето за Русија, Макрон изјави дека дипломатско решение за кризата е извесно, се надева дека дијалогот со Путин ќе биде доволен за да се спречи воен конфликт.

Во последните денови Макрон имаше бројни телефонски разговори со Путин, Зеленски, американскиот претседател Џозеф Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Последната средба меѓу Макрон и Путин беше во летото 2019 година, кога францускиот претседател го покани својот руски колега да го посети во летната резиденција Брегансон на југот на Франција.

Францускиот претседател требаше да ја посети Москва во пролетта 2020 година, но неговата посета беше откажана поради епидемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини