Макрон: Веројатно ќе треба да поминат децении пред Украина да стане членка на ЕУ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека најверојатно ќе биде потребно да поминат неколку децении пред Украина да може да стане полноправна членка на Европската унија.

Во обраќањето на форумот за иднината на ЕУ пред Европарламентот тој истакна дека согласно постоечката легислатива за процесот на просоединување ќе биде потребно долго време, „реално неколку децении“ , притоа повикувајќи на структурални промени во рамки на Унијата.

Макрон побара од ЕУ да изнајде „нови начини за политика соработка“ со државите што не се членки на Унијата и тоа во областите на безбедноста, енергетиката и транспортот, притоа посочувајќи ја за пример Украина.

Претходно претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, изјави дека идниот месец Украина ќе го добие првиот одговор на поднесената кандидатура за присоединување кон ЕУ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето преку видео-врска, изрази задоволство што постои подготвеност во рамки на ЕУ за забрзување на процедурите поврзани околу формалното барање за присоединување. Тој нагласи дека Украина веќе ги доставила одговорите на вториот дел од Прашалникот што го пополнува секоја држава кандидатка за членство.

Зеленски изрази надеж дека веќе наредниот месец Украина и формално ќе го добие кандидатскиот статус за членство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина