Макрон вели дека ќе ја направи Франција посилна, понезависна ако го добие вториот мандат

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска вети дека ќе го зајакне суверенитетот на државата доколку добие втор мандат следниот месец, за да ја води земјата низ, како што рече, нова кризна ера, со „враќање на трагедијата во историјата“.

Водството во анкетите на Макрон пред конкурентските кандидати пред изборите следниот месец порасна по руската инвазија на Украина.

Денеска Макрон го претстави својот план за втор претседателски мандат доколку победи на изборите.

„Ние сме на пресвртна точка каде што можеме да направиме вистинска разлика“, рече Макрон нагласувајќи ја војната на прагот на Европската унија и глобалниот предизвик поради климатските промени.

Да се ​​направи Франција понезависна земја ќе биде клучна цел, рече тој, кога почна да ја истакнува својата платформа, ветувајќи дека ќе стори се за да ја заштити земјата ако остане претседател.

Анкетите на јавното мислење објавени во текот на изминатите недели покажуваат дека тој би освоил до 30,5 отсто од гласовите во првиот круг на 10 април, од околу 25 отсто минатиот месец.

„Ветив дека ќе ја намалам невработеноста, и покрај кризите“, рече тој.

Претседателот на Франција порача дека земјата треба постепено да се движи кон подигање на старосната граница за пензионирање на 65 години, притоа земајќи ги предвид спецификите на одредени професии.

Тој рече дека војната меѓу Украина и Русија најверојатно ќе доведе до криза со храна во следните 12-18 месеци во Африка и на Блискиот Исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски