Макрон: Вакцината не смее да се третира според законите на пазарот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика извршниот директор на фармацевтскиот гигант „Санофи“ да се сретнат следната недела, откако компанијата посочи дека американскиот пазар ќе има приоритет за неговата вакцина против Ковид-19.

Макрон во соопштение посочи дека секоја вакцина против коронавирусот мора да се третира како јавно добро и не смее да биде предмет на пазарни закони.

Според Си-Ен-Ен, компанијата со седиште во Париз ги разјаснила своите претходни наводи, најавувајќи дека ќе работи и со европските влади со цел што поскоро да се почне со производство на вакцината.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано