Макрон утре ќе присуствува на божикна прослава со војниците на носачот на авиони Шарл де Гол

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе му се придружи на францускиот носач на авиони Шарл де Гол на традиционалната божиќна прослава со војниците, а во вторник ќе присуствува на регионална конференција, соопшти Елисејската палата.

Макрон денеска во Катар ќе ја бодри француската фудбалска репрезентација во финалниот натпревар против Аргентина на Светското првенство, а потоа ќе оди директно до носачот на авиони во египетските води.

Претседателот, во случај на победа на Франција на Мундијалот, утре нема да присуствува на враќањето на репрезентацијата.

Во претходните години, Макрон ги посетуваше војниците распоредени во Африка. Тоа единствено не го направи во 2020 и 2021 година поради епидемијата на коронавирусот.

Носачот на авиони Шарл де Гол е во подготвеност како дел од мисијата на НАТО во контекст на војната во Украина, а учествува и во борбата против тероризмот во Ирак и Сирија.

Во вторник Макрон ќе учествува на регионална конференција во Јордан и ќе се сретне со кралот на земјата Абдула Втори, соопшти Елисејската палата, додавајќи дека француските борбени авиони оперираат од таа земја против џихадистите на терористичката Исламска држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето