Макрон утре ќе иницира расправа на Г20 за руските гранати врз Полска

Од:

По веста дека два руски проектили паднале врз село во Полска, во непосредна близина на границата со Украина, францускиот претседател Емануел Макрон веќе „контактирал со полските власти и е во тек со ситуацијата“, соопшти вечерва Елисејската палата за француските медиуми.

Макрон ја „истражува можноста утре изутрина да се отвори расправа на лидерско ниво на самитот на Г20 за да се анализираат ризиците и да се спречи ескалација на конфликтот… со оглед на присуството на сите наши главни европски партнери и нашите главни сојузнички партнери на самитот во Индонезија“, каде присуствува и самиот француски претсзедател, додаде Елисејската палата.

Државниот секретар Соња Башес вечерва пред пратениците во францускиот Парламент изјави дека премиерката Елизабет Борн „многу внимателно ја следи ситуацијата во соработка со нашите полски сојузници и Полска може да смета на солидарноста на Франција“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ја обвини Русија дека истрела проектили кон Полска,земја членка на НАТО, нарекувајќи го наводниот напад, кој се уште не е потврден, „многу значајна ескалација“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки веднаш го свика Советот за национална безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски