Макрон: Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран

Од:

Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешниот неформален самит на лидерите на јужните земји од ЕУ на Корзика, јави ДПА.

-Ние, Европејците, мора да бидеме јасни и цврсти, не со Турција како нација или како со народ, туку со владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рече Макрон.

Турската Влада се впушти во „неприфатливо однесување“ со гасните истражувања во водите на што се жали Кипар, на ексклузивната економска зона во водите, исто така, се жали и Грција, како и за други провокации, инсистира Макрон, пренесува ДПА.

-Ние сакаме да избегнеме каква било ескалација, додаде тој. „Но, избегнувањето ескалација не може да значи пасивност или прифаќање“, смета францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени