Макрон: Разговарав со Зеленски, го поздравувам усвојувањето на санкциите на ЕУ против Русија

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека го поздравува усвојувањето на најновиот пакет санкции на Европската Унија против Русија поради војната во Украина.

„Руските напади мора веднаш да престанат“, напиша тој на платформата X.

Макрон нагласи дека Франција останува со Украина.

Пакетот санкции против Русија, 18-ти по ред, кој беше одобрен утрово од амбасадорите на Европската Унија, предвидува, меѓу другото, дека уште околу 20 руски банки ќе бидат исклучени од меѓународниот систем за плаќање Swift (SWIFT), но дека тие исто така ќе се соочат со целосна забрана за трансакции, како и ограничувања наметнати за руска нафта рафинирана во трети земји.

Други мерки вклучуваат санкции против десетина бродови во руската флота на танкери за нафта, со што вкупниот број се искачи на над 400, како и против неколку субјекти и трговци кои работат со тајната флота.

На пазарот на гас, санкции се воведени и за гасоводот Северен тек.

Би можело да ве интересира

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва