Макрон: Путин направи голема грешка кога ја започна војната во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Еј-Би-Си изрази надеж дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната се се уште можни.

Макрон рече дека е „голема грешка на Путин што ја започна инвазијата на Украина“.

Во интервјуто, Макрон зборуваше за неговата посета на Вашингтон и за зајакнувањето на Франција како најстар сојузник на САД, особено за време на војната меѓу Русија и Украина.

„Добриот мир не е мир што двете страни нема да го прифатат на среден и долг рок“, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање за неговата визија за успешни мировни преговори.

„Мислам дека претседателот Путин направи голема грешка со започнувањето на оваа војна“, рече Макрон, споенувајќи ги договорите од Минск меѓу Украина и Русија по 2014 година во обид да се спречи војна. Путин оттогаш кажува дека не го признава тој договор.

„Имаше политички и дипломатски процес во кој беше вклучена меѓународната заедница. И тој одлучи сам, врз основа на лажен наратив, велејќи дека НАТО ќе ја искористи Украина за да ја нападне Русија, што е сосема погрешно“, рече Макрон.

На прашањето дали човек кој е способен да донесе таква погрешна одлука е способен да преговара за мир, Макрон одговори дека „сепак се надева дека Путин ќе биде рационален во преговорите за ставање крај на војната“.

„Путин е долго време на чело на Русија, го познава својот народ. Згреши што ја нападна Украина. Можно ли е враќање на преговарачка маса со Путин? Мислам дека сè уште е можно“, изјави Макрон за Еј-Би-Си.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски