Макрон првпат носеше маска на јавен настан

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го привлече вниманието на јавноста со тоа што при неговата посета на училиштето во Ивелин носеше маска. Маската е од француско производство, изработена во ателјеата на текстилната фабрика Шантеклер. Интересот се покажа поголем, со оглед дека извршната власт повикува на задолжително носење маска за време на излегувањето од изолацијата, закажано за 11 мај, јави дописникот на МИА.

Макрон пристигна сам маскиран за време на посетата на училиште во Поаси, во Ивелин. Ова е првпат шефот на француската држава да се појави со лицето заштитено со маска за „општа употреба“.

Според информациите до кои дојдоа француските медиуми, оваа маска, во црна ткаенина со мала триколорна ознака, ја произведувала Шантеклаер, текстилна фабрика специјализирана за производство на долна облека, со седиште во Сен-Пуанг, во Об. Маската е 100 насто француска изработка и се се продава за 4,92 евра. Маската, претходно е тестирано од страна на Генералниот директорат за вооружување (ДГА) за да се процени нејзиниот капацитет за дишење и моќта на филтрирање.

Во придружба на Жан-Мишел Бланаке, министерот за образование, Макрон прими како подарок друга триколорна маска, произведена од волонтерските шивачки од Поаси.

За време на неговата последна телевизиска интервенција, Емануел Макрон изрази желба да се прошири носењето маска за „општа употреба“.

-Државата, од 11 мај, во соработка со градоначалниците, треба да им овозможи на сите да добијат маска за поширока употреба за најекспонирани професии и за одредени ситуации, како на пример во јавниот превоз, нејзината употреба треба да стане систематски “, рече францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа