Макрон прогласи „прва победа“ против епидемијата со коронавирусот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до нацијата ја прогласи првата победа против епидемијата со Ковид-19, три месеци откако и прогласи „војна“, јави дописникот на МИА.

-Војната против епидемијата не е готова, но сум среќен поради оваа прва освоена битка против вирусот, рече Макрон.

Вчера беа регистрирани само девет смртни случаи и бројот на лицата на интензивна нега беше 869, за споредба на врвот на епидемијата нивниот број беше над 7.000. Прилика за Емануел Макрон да го збрза излегувањето од изолацијата и да даде неколку добри вести. Со исклучок на два прекуокеански департмани Гвајана и Мајот, цела Франција од денеска е во зелено, покажуваат показателите за следење на епидемијата.

Основните училишта до м22 јуни треба да ги прифатат сите ученици, а наставата сега ќе биде задолжителна и ќе се одвива нормално. Имено од почетокот на воведувањето на мерките за изолација на училиште се вратија само 1,8 милиони ученици од вкупно 6,7 милиони, со следење на минимална настава. Строгите санитарни мерки ќе бидат олеснети.

Како ефект од преминувањето на цела Франција во зелена боја сега сите кафеани, ресторани и барови ќе можат да примаат гости, особено во Париз и парискиот регион, каде гостите беа служени само на терасите.

Од денеска се дозволени посети на старските домови, каде речиси 45 отсто од нив се уште имаат пријавено барем еден случај со Ковид-19.

Наспроти бруталната економска криза, францускиот претседател го исклучи зголемувањето на даноците за да се финансираат трошоците предизвикани од неа. Француската држава за кризата потроши 500 милијарди евра.

Францускиот претседател го потврди денешното отворање на границите на Франција за земјите од Шенген зоната и за останатите на 1 јули. Тој притоа им најави на своите сонародници дека повторно ќе им се обрати во јули, најверојатно по вториот круг на општинските избори.

Емануел Макрон потврди дека општинските избори ќе можат да се одржат на 28 јуни. Тој притоа предупреди дека собирите треба максимално да се избегнуваат, бидејќи остануваат главната шанса за ширење на вирусот, потсетувајќи дека уште долго време ќе треба да се почитуваат мерките на физичко растојание.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата