Макрон повика на дијалог за надминување на кризата со Катар

Од:

Кувајтскиот емир, шеик Сабах ал Ахмад ал Џабер ас Сабах, си замина од Доха, главниот град на Катар, откако таму за катарската криза разговараше со нејзиниот лидер Тамим бин Хамад Ал Тани, пренесе ТАСС.

Лидерот на Кувајт во Доха пристигна од ОАЕ, каде вчера за кризата разговараше со локалните лидери. Ден пред тоа тој беше и во Саудиска Арабија.

По средбата меѓу шеикот Сабах и емирот Тани, двајцата лидери не дадоа изјави. Се претпоставува дека кувајтскиот лидер на својот катарски колега му ги предал барањата на арапските земји за обновување на дипломатските односи. Средбата меѓу двајцата траела еден час.

Истовремено, францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со лидерите од регионот, со кои ја разгледал катарската криза и повикал на дијалог за нејзино надминување, пренесоа француските медиуми.

Макрон зборувал со лидерите на Катар, Иран и Саудиска Арабија. Тој им ја напоменал својата посветеност на зачувувањето на стабилноста во регионот и недвосмислената борба против тероризмот и финансирањето на сите видови терористички движења.

Американската рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“, пак, соопшти дека ја намалува оценката на Катар заради кризата во односите со соседите, пренесоа американските медиуми.

Оценката на Катар е намалена од АА на АА минус. Причината за тоа е дека прекинот на дипломатските односи на Катар со другите земји од регионот може да го засили притисокот врз економскиот раст и фискалната стабилност на земјата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз