Макрон: Потребна е меѓународна истрага за експлозијата во Бејрут

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Бејрут изјави дека тој нема нови информации за причината за смртоносната експлозија во пристаништето во тој град, освен оние што веќе се објавени.

Тој истакна дека е потребна потранспарентна меѓународна истрага.

Прелиминарна истрага укажува дека експлодирал товар на амониум нитрат.

Во силната експлозија што пред два дена го погоди центарот на Бејрут загинаа најмалку 137 лица, а повеќе од 5.000 се повредени. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем.

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција