Макрон по осудата на руската инвазија свика ургентен состанок на советот за одбрана и самит на ЕУ

Од:

Емануел Макрон „остро ја осудува одлуката на Русија да води војна против Украина“, тој разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски и ја повтори поддршката на Франција за Украина и истовремено свика состанок на Советот за одбрана на Франција и самит на ЕУ, јави дописникот на МИА.

-Франција силно ја осудува одлуката на Русија да води војна против Украина, напиша Емануел Макрон на Твитер.

-Русија мора веднаш да ги прекине своите воени операции. Франција се солидаризира со Украина. Таа е сосо Украинците и работи со своите партнери и сојузници за да се стави крај на војната.

Шефот на француската држава утрово во 8 часот телефонски разговарал со украинскиот претседател, посочува Елисејсската палата. Володимир Зеленски повика на повеќекратни интервенции за поддршка на Украина и Европската унија да остане обединета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната