Макрон нареди да се отворат серија истраги околу шпионскиот софтвер „Пегаз“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара отворање на серија истраги за скандалот со шпионскиот софтвер Пегаз, информира денеска премиерот Жан Кастекс за францускиот ТВ канал ТФ1.

Францускиот дневен весник „Ле Монд“ објави дека телефонот на Макрон е на списокот на мароканска разузнавачка агенција, со цел да се изврши надзор со помош на шпионскиот софтвер „Пегаз“.

Според информациите, телефонските броеви на претседателот, како и на тогашниот премиер Едуард Филип и на уште 14 министри биле избрани за можен надзор со шпионскиот софтвер.

Француското претседателство соопшти дека доколку откритијата за телефонот на Макрон се вистина, тоа би била многу сериозна ситуација и надлежните органи ќе испитаат се за да го расветлат случајот, се наведува во извештајот.

Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истрагата на „Гардијан“, „Вашингтон пост“, „Ле Монд“ и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без знаење на сопственикот.

„Пегаз“ може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се WhatsApp, Telegram и Signal, е-пошта, текстуални пораки, GPS податоци и списокот со контакти на телефонот. „Пегаз“ им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина