Макрон му вети на Зеленски лесни тенкови, оклопни возила, обука на војници…

Од:

Франција вети дека ќе испрати дополнителна воена помош за Украина, вклучително и лесни тенкови и оклопни возила и ќе обезбеди обука за војниците, јавуваат странските агенции. Ова го потврдија од Елисејската палата по тричасовните разговори меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера по Германија ја посети Франција.

Посетата на Франција е дел од „европската турнеја“ на Володимир Зеленски, чија цел е да собере дополнителна воена и финансиска помош пред долгоочекуваната украинска контраофанзива.

Кабинетот на францускиот претседател Макрон објави дека Франција ќе испрати десетици лесни тенкови и оклопни возила во Украина „во следните недели“, без да прецизира конкретни бројки. Ветени се и дополнителни системи за противвоздушна одбрана, но детали не се објавени.

Во заедничката изјава, Франција ја опиша поддршката за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како „непоколеблива“ и вети дека ќе продолжи со политичката, економската, хуманитарната и воената помош „се додека е потребно“.

Би можело да ве интересира

Синот на Трамп го исмева Зеленски

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Трамп: Имав многу добар разговор со Зеленски, ќе ја завршам војната во Украина пред јануари

Макрон: Обидот за атентат врз Трамп е трагедија за демократијата

Зеленски за прв пат се огласи за гафот на Бајден и „претседателот Путин“

A1on

(ВИДЕО) Зеленски: Сите ги чекате изборите во САД, Украина не може да чека до нември

Катерина Ѓуровски