Макрон му кажал на Путин дека е сериозно загрижен за здравјето на Навални

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, му ја изразил „неговата сериозна загриженост за здравствената состојба“ на затворениот опозиционер Алексеј Навални и „почитувањето на неговите основни права“, јавија француските медиуми.

Според соопштението на Елисејската палата, За време на разговорот, францускиот претседател ја изразил и поддршката на Франција кон нејзините европски партнери по неодамнешното протерување од страна на Москва на 20 чешки дипломати и еден италијански дипломат.

Навални е затворен во казнена колонија во Русија, каде три недели штрајкуваше со глад поради тоа што затворските власти не му дозволувале да му се укаже соодветна лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он