Макрон ја турна земјата кон неизвесност и нестабилност обвини лидерот на француската крајна десница

Од:

Жордан Бардела, лидерот на екстремно десничарската партија Национален собир (РН), која го освои третото место на парламентарните избори во Франција, изјави вечерва дека изборните резултати се резултат на „неприродна алијанса“ која ја турна Франција во прегратките на крајната левица.

Во своето прво обраќање до поддржувачите по објавувањето на резултатите, тој го критикуваше „неприродниот и „нечесен сојуз кој, како што рече, „го лиши францускиот народ од победата на Националниот собир“.

„Вечерва овие сојузи ја фрлаат Франција во прегратките на екстремната левица на Жан-Лук Меланшон“, рече Бардела.

Тој потсети дека Народниот собир постигна најдобар резултат на европските избори и во првиот круг од парламентарните избори и дека сега го удвои бројот на пратеници. Тоа е камен-темелникот на утрешната победа, изјави Бардела.

Тој оцени и дека претседателот Макрон ја турнал земјата кон неизвесност и нестабилност.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму