Макрон ја повика МААЕ да испрати мисија во Запорожје што е можно поскоро

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси што поскоро да испрати експертска мисија во нуклеарната централа Запорожје, соопшти денеска Елисејската палата.

„Претседателот на Републиката изјави дека Франција ги поддржува плановите за што поскоро испраќање експерти на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје, со цел да се обезбеди безбедноста на нуклеарната постројка“, се наведува во соопштението.

Претходно денеска Гроси на Твитер објави дека одржал навремен и фокусиран состанок со францускиот претседател Макрон за мисијата на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје.

„Денеска навремена и фокусирана средба со Емануел Макрон за претстојната посета на МААЕ на украинската нуклеарна централа Запорожје – ви благодариме за континуираната поддршка и напорите оваа критична мисија да стане реалност“, напиша Гроси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Ќе се обидам да го убедам Трамп дека неговите интереси се исти како нашите

А1он

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз