Од Кабинетот на францускиот претседател информираа дека Емануел Макрон денеска ќе разговара телефонски со рускиот колега Владимир Путин.
Макрон и Путин немаат разговарано од 29 март, но, дотогаш беа во постојана комуникација.
Обидите на Макрон да одржи отворена комуникација со рускиот лидер, беа критикувани од поединци од дома, но и од странство, вклучително и од полскиот премиер.
– Моја должност е да зборувам со него, нас тоа ни е потребно. Нема да запрам, изјави тој за француски весник минатиот месец.
Извор: МИА