Макрон го повика Путин да ја прекине опсадата на Мариупол

Од:

Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор, јави дописникот на МИА.

– Францускиот претседател и германскиот канцелар, час и половина бараа „крај на опсадата на Мариупол, каде ситуацијата е човечки неодржлива, посочува француското претседателство.

Во соопштението се наведува дека на крајот од разговорот „Владимир Путин не покажа волја да ја запре војната“, и оти Франција не забележала знак на смирување од страна на Путин.

– Како резултат на тоа, ние ќе преземеме нови санкции во наредните часови против Русија, се посочува во соопштението од Елисејска палата.

Исто така се истакнува дека обвинувањата на Путин за „флагрантно кршење“ на хуманитарното право од страна на украинските сили се „лаги“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО