Макрон ги повика најголемите светски загадувачи да ги исполнат своите обврски

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика најголемите светски загадувачи веднаш да почнат да ги исполнуваат своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод.

Макрон го бранеше наследството од Парискиот договор од 2015 година, но исто така призна дека земјите се далеку од исполнување на нивните ветувања да го задржат глобалното затоплување на 1,5 степен од индустриската ера.

– Знаеме дека сè уште не сме таму, рече тој на конференцијата за клима на Обединетите нации во Глазгов.

Според него, клучно за следните 15 дена е најголемите загадувачи да ги зголемат своите амбиции.

– Тоа е единствениот начин да ја направиме нашата стратегија кредибилна … и 1,5 степен да ја направиме веродостојна бројка, истакна Макрон.

Истакнувајќи дека автохтоното население е првата жртва на климатските нарушувања и оти нациите во Африка, Пацификот и на Карибите се особено погодени, тој ги повика богатите земји да ја забрзаат фундаменталната трансформација на начинот на кој тргуваат и инвестираат.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски