Макрон: Франција мора да биде независна нуклеарна сила

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави вчера дека воената стратегија на Франција до крајот на деценијата мора да се фокусира на зајакнување на земјата како независна, почитувана нуклеарна сила.

– Европа повеќе не е заштитена од ракети и беспилотни летала. И ние мора да ја прифатиме оваа реалност – рече Макрон, говорејќи на носачот на хеликоптери Диксмуд, закотвен во медитеранската воена база Тулон, каде има повеќе од 24.000 француски војници.

Претставувајќи го националниот стратешки план на Франција, кој треба да дефинира како ќе изгледа одбраната на земјата во 2030 година, Макрон рече дека руската агресија против Украина може да претходи на пошироките геополитички ривалства и иднината.

– Франција сака да биде независна, почитувана, агилна сила во срцето на Европа со силни врски со НАТО алијансата – рече Макрон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски