Макрон фаворит на претседателските избори во Франција

Од:

Францускиот претседател и кандидат за реизбор на функцијата, центристот Емануел Макрон, на 10 април, во првиот круг од претседателските избори во земјата може да освои 33,5 отсто од гласовите, го пренесе парискиот весник „Фигаро“ најновото истражување на јавноти мислење.

Весникот оценува дека ретко кога еден претседател, кој се кандидирал за реизбор, имал вака голема поддршка пред крајот на мандатот.

Макрон, кој влезе во изборната трка во последен момент, на 3 март, ден пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите, не води голема изборна кампања, пред се, поради ситуацијата во Украина и неговиот меѓународен ангажман, бидејќи Франција од 1 јануари до 1 јули претседава со ЕУ.

Ангажманот на Макрон во меѓународните прашања ги натера Французите да го поддржат во време на криза на незадоволство на другите кандидати, соопшти агенцијата Ифоп, која ја правеше анкетата и која додаде дека тоа може да се толкува како „собирање под знамето на Франција“.

На второ место во анкетата е кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен, која би добила 15 отсто од гласовите. На трето место е кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, кој до неодамна имаше помали шанси во анкетите.

Четврти и петти би биле кандидатот на крајната десница Ерик Земур со 11 отсто и кандидатката на десницата Валери Пекрес (10,5 отсто), која претходно се сметаше за еден од најсериозните противници на Макрон.

Левицата заостанува, како и на претходните анкети, а ниту еден од кандидатите на оваа политичка структура не би добил повеќе од пет проценти од гласовите.

Што се однесува до вториот круг од изборите закажан за 24 април, Макрон би го победил секој противкандидат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано