Макрон: Европа мора да се подготви за секое сценарио за испораката на руски гас

Од:

Европа мора да се подготви за секое сценарио за испорака на руски гас, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој рече дека треба да се направи сè што е можно за да се најде дипломатско решение за ситуацијата во Украина, но изрази сомнеж дека во наредните денови ќе се постигне политичко решение.

Макрон, исто така, оцени дека во ситуација на конфликт е можно да се спроведе процедура за разгледување на членство на Украина во ЕУ.

Тој уште најави дека повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во следните 48 часа.- „Руското бомбардирање на породилиштето во опколениот украински град Мариупол е срамен воен чин, рече францускиот претседател.

Франција го осудува нападот најкатегорично можно, изјави Макрон пред новинарите додека лидерите на ЕУ се собраа во близина на Париз за да разговараат за нивниот одговор на конфликтот, велејќи дека „јасната цел беше да се убијат цивили, особено жени и деца“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски