Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон одржа говор за да одговори на политичката криза во земјата, која го достигна својот врв по вчерашното гласање за недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, кој денеска и формално поднесе оставка.

Макрон вечерва изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.

Во своето обраќање Макрон истакна дека Франција мора да се обнови и да се зајакне во време кога земјата се соочува со бројни внатрешни и надворешни предизвици.

Претседателот посочи дека е неопходно да се врати довербата на граѓаните во властите и политичките институции.

„Секаде каде што има ранливост, ние треба да ја вратиме нашата сила“, изјави тој, додавајќи дека „секаде каде што има поделби, ние мора да ги обединиме луѓето“.

Тој, исто така, повика на враќање на надежта и мудроста, секаде каде што се појавуваат проблеми и несигурност.

Макрон го спомена и повторното отворање на познатата париска катедрала Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожар во 2019 година. Беше поставено и прашањето за успехот на Франција како домаќин на Олимписките игри во 2024 година, што дополнително го нагласи успехот на земјата во соочувањето со големите предизвици.

„Франција знае како да прави големи работи“, рече претседателот, повикувајќи ги граѓаните повторно да ги подигнат стандардите и да продолжат да ја градат земјата.

Макрон ги осуди и политичките партии одговорни за актуелната нестабилност, особено во контекст на гласањето недоверба на неговата влада.

„Некои избраа хаос. Не сакаат да градат, сакаат да рушат“, рече тој, покажувајќи со прст кон екстремната десница и левица кои се обединија во оваа политичка акција.

Претседателот истакна дека ова не е момент за политичка поларизација, туку за одговорност и соработка со цел закрепнување на Франција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз