Макрон: Данска да учествува повеќе во ЕУ

Од:

Данска треба да се вложи повеќе во ЕУ, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на таа земја, оценувајќи дека на Данска и е потребна дебата за нејзиното неучествување во одредени прашања на ниво на ЕУ.

Макрон, кој се залага за единствена Унија и континент поодговорен кон сосптвената одбрана, нагласи дека ЕУ не треба толку да се потпира на САД кога станува збор за нејзината безбедност.

Данска во своите односи со ЕУ не учествува во воените прашања и оти данската Влада и повеќето пратеници бараат клаузулата за исклученост од одбранбените прашања да биде укината, но се двоумат да распишат референдум за тоа бидејќи претходно таквиот предлог со гласање е двапати одбиен.

– Сметам дека Данска е премногу скромна во однос на својата посветеност во ЕУ. Мислам дека Данска може да направи повеќе во Европа, нагласи Макрон на заедничка прес-конференција со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.

Данска има одлучено да не учествува во политиката на ЕУ кога станува збор за безбедност и одбрана, прашања за државјанство, полиција и судство, како и за заедничката европска валута.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД