Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше најновите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп за Европската Унија.

Трамп најави царина од 20 отсто за европските производи, кои Макрон ги опиша како „брутални и неосновани“.

Тој посочи дека поради овие мерки американските потрошувачи ќе станат посиромашни и послаби, а азиските земји би можеле да го зголемат извозот во Европа.

Макрон повика на заеднички одговор од европските земји за успешно укинување на американските царини, нагласувајќи дека европскиот одговор ќе биде „организиран“, „обединет“ и „посилен од порано“.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток